На 71-ва седница, последна пред укинување на вонредната состојба, Владата ја измени дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво.

Целта е да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена. Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати. – соопшти Владата.

OhridNews