Не стивнуваат реакциите поради неинтонирањето на државната химна при вчерашната прва официјална посета на грчкиот премиер Ципрас на Скопје.

Владата денеска соопшти дека за време на посетата на грчката делегација пред Владата на Република Северна Македонија не беа интонирани химните поради технички и организациски причини кои произлегоа од стеснетата временска рамка на активностите.

Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично. Овие активности беа изоставени со цел да се запази дневната работна агенда на премиерите Заев и Ципрас, односно за да успеат во текот на денот да ги постигнат сите планирани работни активности.

Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз химната, таа во ниту еден момент не била, не е и нема да биде спорна.

Како потврда, во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор нашата химна беше интонирана во повеќе прилики во присуство на официјални претставници од грчка страна. – соопшти Владата.

OhridNews