Владата даде препорака, а Јавното обвинителство ја прифати и денеска испрати итни упатства до сите основни обвинителства во државата за приоритетно постапување во постапките процесуирани од страна на надлежните институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од страна на Владата и другите надлежни државни институции за спречување на коронавирусот.

Владата им препорачува на сите работодавачи во земјата, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

На препорака на Министерството за здравство, на 19-та седница Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот со која се затворааат сите копнени гранични премини во за премин на патници и возила, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. На граничните премини кои се затворени за премин на патници и возила, се дозволува исклучиво премин на товарни возила.

OhridNews