Заљубен британски пар, кој обожува брза храна, заплови во брачните води со торта од соништата. Слаткото задоволство е тешко дури 19 килограми и половина метар широко и е во облик на чизбургер.
Том и Кери Ват ја прославиле венчавката со своите пријатели а мамутскиот чисбургер бил врв на церемонијата.
„Не само што се оженив со жената од соништата, туку добив и чизбургер од соништата. Не можев да верувам колкав е. Се беше совршено, најубав ден во мојот живот“ – рекол Том.