Заклучно со вчерашниот ден до пладне во Охрид и Дебрца се попишани вкупно 8130 лица.
Пописот тече со нормален интензитет, како и што се очекуваше. Се надеваме дека наредниве денови пописот ќе се одвива со малку позасилено темпо, за што ќе разговараме и со реонските инстрктори вели вели Станко Стојаноски, координатор на Регионално одделение за статистика Охрид и државен инструктор.
Стојаноски додава дека на терен засега попишувачите немаат посебни проблеми.
Постои заинтересираност кај граѓаните кои и сами се јавуваат да прашаат кога попишувачите ќе дојдат до нивните домови. На граѓаните им се објаснува дека пописот се одвива според одреден редослед и дека ќе се стигне секаде навремено, додава Стојаноски.
Освен граѓани се попишуваат и домаќинства и станови. Пописниот реон 22 ги покрива општините Охрид и Дебрца. Во Охрид има 271 пописен круг, а во Дебрца 61.
Инаку, според Пописот од 2002 година вкупното население во општините кои ги опфаќа Охридскиот пописен реон изнесуваше 61256 со 18007 домаќинства и 32792 станови.
Н.С.Ј