Вкупно 203 пензионери од охридско годинава ќе одат на бесплатна бањско климатска рекреација. Според списокот на корисници кој деновиве го објави  Министерството за труд и социјална политика, охридските пензионери ќе можат да се одмараат и да се рехабилитираат само во Дебарски бањи, каде што е резервиран седумдневен престој за 10 групи од подрачјето на Охрид.

Првата група која ќе брои 16 пензионери, заминува на бања на 18-ти март, а последната група својот бањски третман ќе може да го искористи од 20-ти до до 26-ти мај 2015 година.

Услугата за бањско климатска рекреација, опфаќа шест полни пансиони, три оброци дневно, еден задолжителен здравствен преглед како и трошоци  за превоз од местото на живеење на корисникот до бањата.

Оваа услуга може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто се склучени договори за социјално осигурување.

OhridNews