Вкупно 17 јавни обвинители од скопското јавно обвинителство работат на досега поднесените кривични пријави од страна на СДСМ за наводите за наводно прислушувани разговори, информираа денеска од Основното јавно обвинителство.
-Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности согласно Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство. Напомнуваме дека, како и по сите други кривични пријави и настани без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Инаку до сега опозициката СДСМ поднесе кривични пријави против функционери за власта и непознати лица врз основа на наводно прислушуваните разговори коишто ги објавува.
OhridNews