Во текот на 51. недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Македонија се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип- заболувања слични на грип, 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Деведесет и пет лица се на возраст се на возраст од 15-64 години, 24 кај деца на возраст од 5-14 години, 12 кај деца на возраст од 0-4 години и 8 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 16 ЦЈЗ/ПЕ, Дебар – 42, Гостивар – 33, Куманово – 22, Тетово – 15, а во Прилеп, Скопје, Кавадарци, Охрид, Струга, Неготино, Македонски Брод, Струмица, Битола, Свети Николе, Кратово и Штип, бројот на заболени е еднаков или помал на пет. Во 14 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар – сезонска, а во Дебар средна активност на вирусот на грип, стои во извештајот од ИЈЗ.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип, изнесува 799, а во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е намален за 10,2 отсто.

OhridNews