Вкупно единаесет осомничени странски припадници на екстремната сунитска организација Исламска држава се уапсени во Истанбул во врска со самоубиствените бомбашки напади на меѓународниот аеродром „Мустафа Кемал Ататурк“ во кој беа убиени според последните податоци 44 луѓе и ранети уште околу 240 лица.
Истанбулската антитерористичка полиција спровела операција против ќелија на Исламската држава во квартот Башакшекир поради сомневања за поврзаност со тројцата бомбаши самоубијци кои на 28-ми јуни го извршија смртоносниот напад на аеродромот „Ататурк“.
Единаесетте осомничени, меѓу кои има и руски државјани, биле сместени во градското подрачје на Истанбул и со нив вкупниот број приведени осомничени за учество во нападот се искачи на 24. Други тринаесет лица, меѓу кои четворица странски државјани, беа уапсени вчера во операцијата спроведена во раните утрински часови на 16 различни адреси во неколку истанбулски квартови, како Пендик, Башакшехир и Султанбеј.
Тројцата бомбаши самоубијци се идентификувани како државјани на Русија, Узбекистан и Кригистан. Руските безбедносни служби соопштија дека осомничениот бомбаш самоубиец потекнувал од немирната кавкаска мнозинска муслиманска република Дагестан.
OhridNews