Италијанците Николо Ламберти и Милко Дала Коста го правеле овој хибрид цели пет години. Ги чинел околу 150 илјади евра. Зеле шасија и мотор од брзо ферари Ф355 Берлинете и го комбинирале со комби на Ситроен. На крајот го пребојадисале во карактеристична црвена боја препознатлива за ферари.


Како резултата на својот труд добиле возило со 400 коњски сили, кое за неколку секунди достигнува брзина од 100 км на час. Николо и Милко водат еден Италијански рели тим. Го нашле ферарито по интересна цена и дошле до идеја да го комбинираат со комбито, кое како колекционер на Ситроен го поседувал Милко.