Спортскиот директор на Реал Предраг Мијатовиќ потврди дека во клубот постојат одредени проблеми но и дека истите можат да се надминат. Мијатовиќ ги пренесе впечатоците од состанокот на кој покрај него уште присуствуваа и председателот Рамон Калдерон,тренерот Фабио Капело и секретарот Франко Балдини. По тој разговор Мијатовиќ е оптимист.“Знаеме кој се проблемите,разговаравме отворено и одлучивме да превземеме некои чекори кои наскоро ќе бидат забележени“, рече популарниот Пежа. Тој повтори дека има неограничена доверба во Капело. “Тој и порано бил во слични ситуации но изледувал како победник.Во таа насока јас не гледам проблем,Капело знае како да ја оствари целта“, рече Мијатовиќ.

 
Посебна поглавје во клубот се играчите. Според шпанскиот спортски весник АС Капело во наредниот период повеќе доверба ќе им даде на маладите фудбалери. На листата незадоволни(Диара,Роналдо,Касано) се придодадени инови имиња. Под можностите играат Канаваро, Емерсон,Раул, Салгадо, Робињо и Гути.

“Неколку пати во овие два месеци разговаравме со фудбалерите.Тие разбраа дека со ваков пристап не можат понатаму,разбраа дека се неминовни промени“ вели некогашната ѕвезда на Реал, Предраг Мијатовиќ. По поразот на Реал во Ла Коруња од 2-0 што беше трет пораз во последните четири средби, клубкста опозицијатнајави дека ќе бара нови избори во Реал, иако последните  се одржаа пред само шест месеци. Реал во летниот и зимскиот преоден рок на засилувања потроши повеќе од 110 милиони евра. 

Ненад Цветанов