Спортските обложувалници Премиер се новиот генерален спонзор на веслачкиот клуб Југ од Охрид. Веслачкиот клуб кој е еден од најстарите спортски колективи во градот добива силен спонозр кој ќе застана зад успеите на младите охридскии веслачи.


Клубот кој датира од далечната 1932 година, низ годините минувал низ тешки периоди но секогаш успевал да остане на нозе.

Наум Јованоски прествник на генералниот спонзор “Премиер“ најави логистичка подршка и обезбедување на потребните средства за веслачите за непречено одвивање на нивните активности тренирање и натпреварување.

По долго време размислуваме кој спорт во градот да го подржиме. Сакавме тоа да биде некој спорт по кој е познат градот Охрид. Имавме желба да инвестираме во пливањето, но бидејќи нема пливачки  клуб се одлучивме тоа да биде веслањето, спорт кој има долгогодишна традција – вели Наум Јованоски   

Спортот во 21 век не трпи импровизации, ваквата инвестиција доаѓа во вистинско време за веслањето кое мака мачеше со средствата во последно време.

Ваквата инвестиција ќе биде и обврска за нас  повеќе да ги засукамр ракавите и да продолжиме да работиме. Очекувам во иднина да учествуваме на европските и светските натпреварувања – вели Климе Матлиоски преседателот на Вк Југ.



Петто  цифрена е бројката на средства кој генералниот спонозр ќе ја префрли на сметаката на клубот. Веслачкиот клуб и генералниот спонзорот се надеваат дека ова ќе биде почеток на една долга и успешна соработка

М.Постоловски