Утревечер, со почеток во 20 часот, во Музеј- куќата Робевци ќе биде отворена изложбата “ Визуелизација на моментот” на ликовниот уметник Христина Зафировска.

Ќе бидат изложени 22 слики, дваесетина ликовни “приказни” под заеднички наслов “ Визуелизација на моментот” , кои се дел од најновиот сликарски опус на Зафировска. Сликите укажуваат на творечка доследност, како во однос на медиумот, така и во досегашната практика за визуелната нарација со посредство на асоцијативната транскрипција на реалноста.

Насловот на циклусот е во отворена релација во однос на можните интерпретации на истиот – претставените дела се сублимат на се она од реалното опкружување кое авторката го восприема и детектира како потенцијален носител на естетската димензија и го преточува во уметничко остварување – вели за делата ликовната критичарка Јованка Попова.

Христина Зафировска дипломирала на факултетот за ликовни уметности во 2007 година на отсек сликарство, со насока графички дизајн, во класата на професорот Симон Шемов. Од 2009 е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. 

Ohridnews