Според анкетата, од тие 10 отсто, што патувале, наголемиот дел биле на возраст на 26-35 години. Оние што не патувале, како причина за тоа го навеле немањето пари (околу 25%), и немањето нов пасош (исто околу 25%). Околу една третина од испитаниците рекле дека имаат роднини што мигрирале во ЕУ, од кои 9% се отишле за да студираат, а повеќе од 80 % отишле за да работат.
Оваа анкета, ќе биде официјализирана по обработката на целосните податоци, а добиените резултати ќе послужат за следење на влијанието на визната либерализација на т.н. „одлив на мозоци“.