Македонија треба да го измени визниот режим со Албанија само ако тоа од неа го бара Европската унија-ЕУ, сметаат посетителите на Ohridnews, кои изминативе неколку дена одговараа на анкетното прашање:
Дали воведувањето нов визен режим за Албанија е добар потег ?
Од испитаниците, 258 или 40 отсто ја подржале таквата опција. Речиси идентичен број, 250 или 39% сметаат дека не треба да постои визен режим помеѓу Македонија и Албанија.
Седумдесет и четворица испитаници, или 12% сметаат дека визите за албанските граѓани треба да се издаваат на граница, додека 57-мина, или 9% сметаат дека владината одлука во иднина визите наместо на граница да се издаваат исклучиво во амбасадата во Тирана, ќе се одрази на туризмот во Охрид и Струга.
Ваквата одлука според најавите треба да стартува од 1 февруари, што предизвика серија негодувања во соседна Албанија, но и во земјава.
ohridnews