Нискобуџетниот авиопревозник „Виз Ер“ закажа авиолинија на релацијата Скопје-Салцург на која ќе сообраќа трипати неделно почнувајќи од 1 април.

Скопје – Салцбург е дел од четирите нови линии за кои Виз Ер претходно склучи договор за субвенции од Владата. Досега е воспоставена линијата со Љубљана која стартуваше во септември годинава, а од следниот месец кон Луксембург, додека кон Штутгарт треба дополнително да се закажат.

„Визер“ претходно сообраќаше меѓу Скопје и Салцбург, во 2020 година за време на ковид пандемијата, но беа прекинати откако Австрија забрани влез од голем број земји на Балканот.

Според Договорот, државата има обврска да исплаќа субвенции од седум евра по патник во заминување, а Виз Ер треба да ги испорача првите фактури за досегашните летови. Договор за субвенции е потпишан и со Луфтханза која се согласи да оперира на авиолинијата Скопје – Франкфурт без надомест.

На „Меѓународен аеродром Скопје” со зимскиот ред на летање ќе се одржува воздушен сообраќај на 39 линии, а четири на аеродромот „Св. Апостол Павле-Охрид”

Во периодорт јануари-септември годинава има пораст од 30 проценти на бројот на превезенеи патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во однос на 2022 година, а кај летовите порастот изнесува 19 отсто.

OhridNews