Американската пејачка Витни Хјустон е хоспитализирана во Париз поради хроничниот ринофарингитис и инфекција чија причина сеуште не е позната.

Витни во вторникот го откажала својот прв европски концерт од новата турнеја кој требало да биде одржан во Париз, поради проблеми со дишните патишта.


Вториот концерт кој треба да се одржи во Манчестер, најверојатно ќе биде откажан, исто како и првиот.

Во 2009 година, пејачката по седумгодишната пауза, за време на која се лечеше од зависност од дрога, го сними најновиот албум I Look to You, за кого критиките се одлични. Но, интересот на публиката не бил голем, досега се продадени само неколку десетици илјади примероци.