Витни Хјустон моментално го спрема своето големо враќање на филмските екрани во римејкот на филмот “Sparkle”, но медиумите известуваат дека и покрај овој ангажман пејачката била шворц. Пејачката, која конечно успеала да се избори со зависноста од крек, наводно ги потрошила сите свои пари, вклучувајќи ги и стоте милиони од договорот за плочата.

Моментално живеела од парите кои и ги дала издавачката куќа, која има намера да го издаде нејзиниот следен албум за кој сеуште не се знае кога ќе се појави во продажба. По повод овие наводи се огласил и нејзиниот претставник за медиумите, кој ги демантирал ваквите наводи. Додал дека Витни не само што ќе глуми во дилмот “Sparkle” кој во кината ќе се најде во август, туку и била извршен продуцент на истиот.