Што да јадеме за да се ослободиме од стресот на работа, стресот во приватниот живот, или поради диети, а истовремено да го отстраниме вишокот килограми?

Стресот не уништува психички и физички, а кога е доста јак, најчесто посегнуваме по брза храна за да се ослободиме. Нутриционистите тврдат дека е можно да се намали стресот со внимателен избор на намирници кои имаат антистресно влијание.

На прво место е авокадото, преполно со витамин Б, кој докажано го намалува нивото на стрес, а влакната и мононезаситените масти ќе ви дадат долготрајно чувство на ситост, дури и до пет часа. Можете само да го исечете и да го послужите со сок од лимон, да направите гвакамоле салата или салата со домати.

Чоколадното млеко или какаото е омилен пијалок од детството кој е преполн со калиум, кој ќе ги спречи грчењата во мускулите што е еден од првите знаци на јак стрес. Купете со намален процент на маснотии и шеќер или едноставно подгответе си како што ви го правела вашата баба.

Малините се вистинска суперхрана, преполна со витамин Ц и антиоксиданти, одлични кога ви треба брз извор на здрава енергија која не дебели. Ставете рака малини во јогурт за меѓуоброк и ќе бидете како нови се до ручек.

Кога ве фаќа огромна желба за храна, препорачуваме зобена каша. Ќе ве засити прилично брзо и ќе го намали стресот бидејќи помага во производството на серотонин, еден од хормоните за среќа. Додајте зобни снегулки во јогурт, ставете два мелени бадеми и уживајте!

 

извор:metro-portal.hr