Двајца затвореници осудени за убиство, побегнале од најобезбедениот и најголем затворот во државата Њујорк во САД. Тие успеале незабележано да ископаат тунел во затворската ќелија и да побегнат низ канализацијата. Дури и се пошегувале со чуварите на затворот, оставајќи им порака со „смајли“ на една канализациска цевка.
Во тек е масовна потера по избеганите затвореници во која се вклучени 200 полицајци и припадници на специјалната единица “SWAT”, соопштија властите.
Избеганите затвореници се Ричард Мат и Дејвид Свит. Првиот бил осуден на доживотна робија за убиство од прв степен, а вториот на казна затвор од 25 години до доживотен, поради убиство од втор степен.
Нивното бегство во многу наликува на филмот „Бегството од Шоушенк“, а го сврте вниманието на јавноста и поради фактот што ова е прво бегство од овој затвор од 1845 година.
OhridNews