На основците од „Христо Узунов“ и македонските паралелки од училиштето „Братство-единство“ денеска ќе им биде презентирано предавање за дрогата.

Превентивно, младите се запознаваат со опасностите кои се последица од земањето дрога преку „Power point” презентации на полициските службеници и на лекар-активист на Црвениот крст.

Предавањето е дел од проектот „Дрога-вистини и заблуди“ што го реализира Секторот за внатрешни работи со повеќе основни и средни училишта кои се наоѓаат на подрачјето каде што делува СВР Охрид.

Ohridnews