Високотиражниот и влијателен холандски весник „Телеграф“ неодамна објави промотивна сторија за туристичките потенцијали на Охрид. Во сторијата се поместени историски факти за земјата и Охрид кој е претставен како туристички рај и се говори за враќањето на холандските туристи во Македонија.


Високотиражниот холандски весник „Телеграф“ објави промотивна сторија за Охрид

Македонците кои живеат во овој дел од Европа посочуваат дека објавената сторија е голема реклама за Охрид бидејќи „Телеграф“ дневно го читаат околу 5 милиони холанѓани.

Промотивниот текст за Охрид во „Телеграф“ се однесува на претстојната летна сезона, која туристичките работници очекуваат да биде подобра во споредба со кризната 2009 година.

OhridNews