Електронскиот весник www.ohridnews.com, e добитник на Признанието за придонес во зајакнувањето и промовирањето на граѓанското општество за 2009 година , што го доделуваат Македонскиот институт за медиуми – МИМ , Институтот за трајни заедници и USAID. Признанието на Ohridnews му се доделува во избор на сто граѓански здруженија во Македонија.


На церемонијата што синоќа се одржа во Музејот на град Скопје, покрај интернет порталот www.ohridnews.com, посебни признанија уште им беа доделени на „Утрински весник“ и на телевизијата „Алсат М“.


На свеченоста беа доделени и наградите во повеќе категории кои оваа година ги понесоа телевизиите Алфа, А1 и Нова тв од Куманово, додека главната награда отиде во рацете на телевизијата Канал 5 од Скопје.


На присутните на церемонијата им се обрати  и американскиот амбасадор Филип Рикер, кој го истакна значењето на медиумите во градењето на граѓанското општество.

Новинарите мора да бидат заштитени за да можат слободно да ги искажат идеите и да обезбедат информации за прашања кои се од интерс на граѓаните. Работата на медиумите треба да биде ослободена од политиката или деловните интереси, истакна амбасадорот Рикер.

Наградите и признанијата на медиумите кои најмногу придонеле за зајакнување и промовирање на граѓанското општество во Република Македонија, МИМ ги доделува по четврти пат.

Ohridnews