Желбата да им ја приближам математиката на учениците од поинаков агол беше главна причина да се пријавам и да учествувам во проектот Математички филмски фестивал 2021 година – истакнува наставничката Силвана Крстеска од ООУ„Кочо Рацин”-Охрид. Во проектот учествуваат 26 наставници и ученици од 6 земји во Европа: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија, Турција и Шведска.
Во проектот учествуваат 6 ученици од шесто и деветто одделение и 2 од деветто одделение. Првата активност која ја имаа учениците во рамките на проектот беше да ја прочитаат книгата „Човекот што броеше” од Махалба Тахан. Потоа имаа повеќе работилници на различни теми како пишување сценарио и едитирање на анимиран филм, за што учениците Димитар Сиљановски, Емилија Силјановска, Сара Котеска, Надица Тасеска, Даниел Сиљановски и Марија Силјановска освоија втора награда на Математичкиот филмски фестивал кој се одржа вчера во Сараево. – информитраат од училиштето.
На фестивалот учествуваа 15 филма од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Турција и Македонија.
Со учеството во овој E-Twinning проект, учениците ги интегрираа книжевноста, математиката и информатиката. Станаа побогати со прочитано ново книжевно дело, ги збогатија своите знаења од медиумска писменост за филм, пишување сценарио, решаваа математички проблеми, во секоја приказна во проектот е вметната математичка загатка која треба да се реши и ги подобрија своите компјутерски вештини користејќи најразлични веб 2.0 алатки. – истакнуваат од ООУ „Кочо Рацин“.
OhridNews