Поврзувањето на Пештани на Колекторскиот систем во овој момент не може да се изврши заради високиот водостој на Охридското Езеро и на подземните води, информираат од локалнта самоуправа. Оттаму појасуваат дека за поврзување на селото на колекторот се потребни околу 14 дена и дека тоа ќе биде направено штом се подобри хидролошката состојба.

– Изградени се две пумпни станици, цевководот е функционален, изградена е секундарна канализација во Пештани за што општината издвои 700000 евра, како и секундарен колектор кој треба да се приклучи на примарниот колектор, објаснуваат од локалната самоуправа. За да се направи тоа треба да се извршат осум прекопи во длабочина од 4 метри што во овој период е ризично да се прави, затоа што градежните активности може да предизвикаат оштетувања на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, појаснуваат од општината.

Оттаму најавуваат дека штом се стабилизира временската состојба ќе пристапат кон приклучување на Пештани на колекторскиот систем.

OhridNews