Се знае дека холестеролот е лош за срцето, но сега е откриено дека високиот холестерол може да ги намали шансите на еден пар за потомство.

Студијата извела заклучок дека жените со висок холестерол во крвта, подолго време чекаат да забременат, во однос на оние кои имаат нормално ниво на холестерол во крвта.

Американски научници им советуваат на оние кои планираат семејство, прво да го тестираат нивото на холестерол во крвта. Следен е 401 пар кој се обидувал да добие бебе. Никој од нив немал проблеми со зачнувањето, а жените имале помеѓу 18 и 44 години.

Во рок од една година, 347 жени останале бремени, додека 54 не можеле да забременат. Примероците од крвта кои се земени на почетокот од студијата покажале јасна врска помеѓу холестеролот и плодноста.

Интересно е дека не сите со повишен холестерол имале вишок на килограми.

“Според нашите податоци, се чини дека повишениот холестерол не е само предуслов за кардиоваскуларни болести, туку и ги намалува шансите жените да забременат“, вели Др. Енрике Систерман,истражувач.

Главната порака на овој истражувач била да се трудиме да бидеме што поздрави во периодот кога се обидуваме да направиме бебе.

 

извор: b92.net