Поголем брои високи владини функционери, пратеници и други политички функционери на владејачката ВМРО ДПМНЕ денеска ќе престојуваат на Охрид. Тие ќе ги посетат селата Велгошти, Долно и Горно Лакочереј и Куратица.

На средбата со граѓаните од Охрид и охридско учество ќе земат: Владимир Талески -Градоначалник на Битола, Зоран Коњановски – Директор на РЕК Битола,  Елизабета Канческа Милевска – Државен секретар во Министерство за култура, Дејан Пановски – Државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање и пратениците Александар Николовски, Цветко Грозданов и Анита Кипаризовска Крстеска. 

Тие  како што е соопштено ќе ги информираат граѓаните за досега реализирани активности на Владата и идните планови поврзани со охридскиот регион.

ohridnews