Деветмина постари лица починаа како последица од топлото време во Италија во последните четири дена, кога температурата на воздухот достигна и до 41 степен Целзиусов, јавија италијанските медиуми. Според Анса, двајца велосипедисти починале во Бергамо, а исто така, на плажите во регионот Емилија-Романа, починале уште три постари лица. Еден 77-годишник починал додека возел велосипед со група пријатели во Чивасо, во четвртокот. Уште една жртва на топлото време е 87-годишен маж, кој починал на плажата во Империја, во саботата, додека друг постар човек починал на плажата Диано Марина, на Лигурскиот брег. Во меѓувреме, починала и 76-годишна жена додека пливала во морето кај Пескара.
Високи температури последните денови се измерени и во останатите земји во Западна Европа. Од оваа седмица зголемување на температурите се очекува и во Македонија. Се предвидува дека во Охрид температурата ќе се движи од 30 до 32 степени.
OhridNews