Градоначалникот Никола Бакрачески, вчера остварил работна средба со директорот на канцеларијата на Светска Банка, Горан Тињиќ и неговите соработници. На средбата било раговарано за проектите кои се реализираат преку Светска банка во Охрид и можностите за идна соработка.
Директорот Тињиќ истакнал дека Светска банка за наредната година планира нова кредитна линија во висина од 29 милиони долари, кои ќе бидат инвестирани во интегриран развој на туризмот и подобрување на општинските услуги. Овие кредитни линии ќе содржат и грант компонента, а предност ќе имаат проекти со регионален пристап.
Градоначалникот Бакрачески во разговорите ја потенцирал одличната соработка со Светска банка, наведувајќи ги проектите кои се во тек, а кои се однесуваат на инфраструктурни зафати во Охрид и поширокото подрачје.
На состанокот било разговарано и за пилот – повикот кој ќе го објави Светска Банка за да се испита подготвеноста на општините во Македонија со свои проекти да аплицираат за поволна кредитна линија во висина од 18 милиони долари, за инвестиции во туристичката инфраструктура и регионалната и локална конкуретност во туризмот.
OhridNews