Екипите на Охрид и Радовиш заработија парични казни од 150 000 денари за инцидентот на мечот во Супер лигата пред десетина дена.


Ракометната федерација на Македонија тимот на Радовиш го казни за лоша организација на натпреварот додека охридскиот ракометен состав е санкциониран поради недоличното однесување на навивачите на трибините. Бодовите од тој меч им припаднаа на радовишани кои ги совладаа охриѓани со 31-24.

Од охридскиот клуб најавија дека подготвуваат жалба која ќе ја испратат од челниците на Ракометната федерација на Македонија.

Мх.П.