На 12 и 13 Октомври во Петрич, соседна Бугарија, се одржа меѓународниот фестивал за нова популарна песна „Златен Кестен 2018’’ на кој учество земаа и интерпретатори од Р.Македонија.

Трио Џентлмен настапија со композицијата „Изгреј Сонце”, композиција со музика на Григор Копров, аранжман Саша Николиќ и текст на Огнен Неделковски, кои се закитија со 2ра награда на фестивалот.

Огнен Здравковски со композицијата „Солза’’ , композиција со музика на Григор Копров, аранжман Саша Николиќ и текст на Огнен Неделковски, со својот моќен глас ја освои публиката во Петрич и беше награден за најдобра интерпретација.

По речиси децениска пауза своето враќање на големата сцена го имаше и Лени Партикова со композицијата „Спомени”, музика и аранжман на Горан Милошевски и текст на Ефтимија Јованова. Специјалната награда од Општина Петрич замина токму во нејзини раце. Од Македонија на публиката во Петрич им се претстави и младата пеачка Рената Блажевска која не се пласираше во финалната вечер.

Како специјален гостин, на полуфиналната вечер, покрај бугарските ѕвезди Павел и Венци, како и најпознатиот Бугарски DJ Таркан, свои минути доби и минатогодишниот победник на фестивалот Симеон Коруновски, кој ги освои срцата на младата публика.

OhridNews