Со новиот Закон за угостителска дејност кој беше донесен на почетокот од овој месец се предвидуваат високи казни за станоиздавачите кои им издаваат соби на туристи, а немаат склучено договор со некоја туристичка агенција. Казната за овој прекршок изнесува 400 евра. Толкава е казната и за издавање објекти што не ги исполнуваат минималните технички услови и не се категоризирани.
Точниот број на приватни станоиздавачи во Охрид не е познат затоа што категоризацијата сеуште не е завршена. Тоа остава простор за манипулација особено со прибирањето на туристичката такса која не може да се наплати поради немањето целосна и точна евиденција на бројот на леглата во приватното сместување.