Казни од 2.000 евра за странски туристички агенции кои на територијата на Македонија водат групи без ангажирање на локални туристички водичи (државјани на РМ), ќе бидат изречувани од страна на туристичката инспекција. Ова, покрај другото, беше соопштено на вчерашниот состанок на туристичките водичи во Охрид, на кој Бранко Босилков – член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам на Македонија на водичите им ги врачи новоиздадените легитимации, чие истакнување од сега е нивна законска обврска.

Здружението на туристички водичи на Македонија најавува и креирање на нова веб страница, со профили на сите лиценцирани туристички водичи како и на туристичките инспектори.

Новитет ќе биде и истакнување на распоред на смени и на работното време на дежурните туристички инспектори, како позитивно искуство преземено од нашите соседи, а ќе биде отворена и телефонска линија за пријавување на неовластени туристички водичи присутни на културно-историските локалитети низ земјава, информираат од Здружението на туристички водичи.

Ohridnews