Десетици познати бизнисмени и менаџери од Америка и Европа од вечра престојуваат во Охрид. Тие во градов пристигнале по покана на семејството на бизнисменот Венко Шапкар, кој во сабота го жени својот син Христијан.
На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, пристигнаа два приватни авиони, едниот од Америка, а другиот долета од Германија, а претходно на ародромот слетаа бизнисмени од Италија.
– Точно е дека во текот на денешниот ден на аеродромот во Охрид со сопствен приватен авион пристигна познат бизнисмен од Њујорк. Се работи за партнер во бизнисот на Компанијата Амак СП, а во Охрид викендов ќе престојуваат уште неколку десетини бизнисмени од цела Европа и Америка. Дел од нив пристигнаа со сопствени авиони, а другите со редовни линии, на двата аеродроми во земјава. Тие се прпадници на високите бизнис кругови на Менехетн и во Европа, а во Охрид престојуваат од приватни причини, поконкретно, присуствуваат на свадбата на синот на генeралниот директор на Амак СП – изјави портпаролот на компанијата Љупчо Таневски. Тој одби да даде детали каде се сместени бизнисмените, само кратко прокоментира дека се наоѓаат во најдобрите и најлуксузните сместувачки капацитети во Охрид. Таневски рече дека припадниците на Њујоршкиот и Европскиот џет сет покрај тоа што ќе присуствуваат на свадбата, веќе го разгледуваат Охрид, крстареле со бродот Галеб по езерото и се запoзнаваат со историјата на Охрид и Македонија.
– Ние како компанија до сега сме се докажале како добри организатори на големи манифестации, но, овојпат се работи за приватна организација на семејството Шапкар но јасно е дека покрај тоа што тие ќе ги пречекаат овие милионери на нивната приватна церемонија, тие ќе им го презентираат во најдобро светло Охрид, како дестинација која има што да понуди на светскиот џет сет – изјави Таневски.
Христијан Шапкар ќе се ожени во сабота со неговата долгогодишна девојка Ивана. На свадбата се поканети преку 700 гости, а истата ќе се одржи во хотелот Инекс Горица, во Сината(Дијамантска) Сала, истата онаа каде се одржуваше самитот на НАТО и претседателите на Jугоисточна Европа. Неофицијално најавено е дека гостите ќе ги забавува Харис Џиновиќ, а најавени се и повеќе други познати музички имиња.
ohridnews