Државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини, на покана на француската амбасадорка во Република Македонија, Лоренс Оер и македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски вчера беше во посета на Охрид. На свечената вечера која се организирала во чест на високата делегација, присуствувал и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Според најавите, почесниот гостин од Франција, Жан – Марк Тодешини заедно со министерот Јолевски во текот на денешниот ден ќе ја посетат црквата „Св. Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони.
Дводневниот престој на Тодешини во Македонија е дел од неговата посета на земјите од регионот, Грција, Србија и Романија. Целта на посетата е отпочнување на комеморациите за Источниот фронт како дел од одбележувањето на сто годишнината од Првата Светска Војна, каде речиси 70. 000 француски војници ги загубиле своите животи.
OhridNews