Во изминатите два дена (среда и четврток) во посета на Атлетската федерација на Македонија присуствуваше делегација од Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА). Делегацијата на ЕАА ја сочинуваа Кристијан Милц, генерален директор на ЕАА и Питер Стафорд, проект менаџер во ЕАА.
Делегацијата на ЕАА ги разгледуваше хотелските капацитети пред предстојниот Конгрес на ЕАА, кој во април 2013 година, ќе се одржи во Скопје. Биле договорени и првите чекори кои треба да се преземат околу организацијата на конгресот, а се разговарало и на теми кои ја засегаат Атлетската федерација на Македонија.
Со високата делегација на ЕЕА се разговарало и за можноста Македонија да биде организатор на ЕП за јуниори во 2015 година, а одлуката кој ќе биде домаќин на ова првенство ќе се донесе токму после одржувањето на Конгресот на ЕАА во 2013 година.
Се очекува до крајот на годината делегација на ЕАА повторно да ја посети нашата земја како би била договорена финалната агенда за Конгресот.
Ohridnews