Делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, генералниот конзул на оваа земја во Битола, Димитар Иванов и министерот за образование и наука, Красимир Влчев, вчера престојуваше во посета на Општина Охрид, каде оствари средба со градоначалникот Константин Георгиески.

Во фокусот на разговорите биле образовниот процес, проектите од областа на здравството и социјалата. Акцент бил ставен на проектот кој се однесува на отворањето на Центарот за аутизам во Охрид. Се разговарало и за предвидените подводни активности и испитување на дното од Охридското Езеро кои ќе ги реализираат нуркачи од Бугарија и Охрид.

На средбата градоначалникот Георгиески бил информиран и дека од наредната академска година ќе биде зголемена квотата на македонски студенти кои бесплатно ќе студираат во Бугарија, информира локалната самоуправа.

OhridNews