кошаркарите на Ајфел Тауерс се прошетаа низ Охрид
Холандските кошаркари се прошетаа по чаршијата, разгледуваа низ дуќаните и уживаа во прекрасното Охридско Езеро. Љубопитните охриѓани топло ги примија „високите“ гости, кои не веруваме дека така пријатно ќе се чувствуваат вечерва во гротлото на салата „Билјанини извори“ на мегданот со домашните кошаркарски миленици.
фото: Васко Бујароски