Убедлив пораз од 5-0 претрпе битолски Пелистер од албанската Беса на стартот на подготовките во Охрид.  “Зелените“ кои настапија со подмладен тим беа инфериорни во однос на освојувачот на  купот во Албанија кој во Лигата на Европа ќе игра со грчкиот Олимпјакос.


Во жолтиот дрес на Беса на мечот со Пелистер дебитираа македонските интернационалци Димитар Лазаревски, Минас Османи и младинскиот репрезентативец Бетим Алиу.

М.П.