Селекцијата на Чешка и го нанесе првиот пораз на Македонија во квалификациите за Европското првенство во Хрватска совладувајќи ја во втората рунда со 35-28 (18-12).
Високиот пораз во Чешка загрижува многу бидејќи на крајот од квалификациите можеби гол разликата ќе одлучува за конечниот пласман на табелата.
Констатната добра игра во одбраната и ефикасната игра во нападот по 17 минути игра на чесите им донесе предност (11-4) по серијата (8-1).
„Црвено жолтите“ со мини серија (3-0) се вратија во игра (14-10), но не успеаја да продолжат во исти ритам и на полувремето имаа негатива (18-12).
Паузата меѓу полувремињата добро им дојде на македонските репрезентативци кои со 4-1 серија намалија на три голови разлика (19-16).
Тогаш, место Македонија комплетно да се врати во игра за поволен резултат грешеше во двата правци, а чесите го казнуваа за највисоки (28-20) на семафорот.
Домаќините со игра „гол за гол“ ја задржаа предноста и ја забележаа првата победа во квалификациите после поразот од Исланд.
OhridNews