Се очекува дека шишето виски марка „Спринбенк“ ќе биде најскапото шише на аукцијата за стари виски, која ќе се одржи на трети февруари во Глазгов. Според специјалистот за виски, Ендрју Бел, Спрингбнк е многу барано виски и ќе има многу заинтересирани за овој фантастичен примерок.


На аукцијата која ја организира аукциската куќа „Мектир“, ќе се најдат околу 500 шишиња виски, а покрај овој стар примерок вниманието на љубителите на овој пијалок ќе биде свртено и кон вискито на фирмите „Макален“, „Далмор“, „Талискер“, „Боумор“ и „Хајленд Парк“.