Во текот на изминатите три месеци по трагедијата, јапонските научници постојано ги разгледуваа своите проценки за можната височина на плимниот бран којшто ги разори крајбрежните области неколку километри во внатрешноста на копното. Научниците од јапонската Метеоролошка агенција, како и од другите истражувачки институти и центри, секојдневно испитувајќи ги остатоците од зградите во погодените области вршеа нови премерувања, со што овозможија да се реконструира барем приближно стравичната слика од трагичните настани од 11-ти март.
Врз основа на најновите откритија, научниците утврдиле дека висината на цунамито што го погоди градот Мијако во најмногу погодената префектура Ивате, достигнал 40,5 метри. Висината на бранот што се урнал врз селото Нода во истата префектура изнесувала 37,8 метри, а висината на цунамито што го уништи градот Онагава во префектурата Мијаги изнесувала 34,7 метри.
Сега научниците се обидуваат да дознаат што може да доведе до формирање на толку големо цунами.
извор: „Макфакс“