Одигрувањето на фудбалскиот натпревар Охрид – Цементарница е доведен во прашање, откако Охрид во изминатиот период го зафатија силни врнежи, а теренот на „Билјанини Извори“ нема да може да одговори на потребите да се одигра првенствен натпревар.
Поради лошите временски услови и поплавениот терен, „рибарите“ ќе бараат одложување на натпреварот од првото коло во пролетниот дел од Втората лига, што треба да се игра в сабота.
– По состанокот што го имавме со претседателот на клубот, воочувајќи ја состојбата на теренот и временските услови, одлучивме да побараме одложување на натпреварот – рече Гоце Маркоски, тренер на ФК Охрид.
Играњето натпревари дополнително би го оштетило кревкиот терен, кој зимава не ги издржа натпреварите на екипите што беа на подготовки.
–
Едвај го средивме теренот по зимските подготовки на повеќе екипи. По обилните дождови се поплави игралиштето по што практично невозможно е да се игра фудбал – вели Илче Каневчев, директорот на ЈП „Билјанини Извори“.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com