Историски гледано, времето се базира на мерење на средниот период на ротирање на Земјата околу својата оска, и должината на секундите се пресметува врз основа на овој интервал. Со пронаоѓањето на атомските часовници се појави уред за мерење на времето, кој се покажа попрецизен од астрономските методи, и дефинирањето на секундата беше сменето и сега се совпаѓа со атомските стандарди за фреквенција.
Во 1970 година, со меѓународен договор беа востановени два стандарда за времето, едниот од нив UT1, се базира на ротација на Земјата, а UTC (униврезалното координирано време), се базира на атомското време.
Меѓународната агенција за следење на ротацијата на Земјата гарантира дека двата стандарда на времето не се разликуваат меѓу себе за повеќе од 0,9 секунди, и доколку е потребно, смета дека нужно е да се внесе дополнителна секунда.
Од 1972 година наваму на UTC му беа додадени 24 дополнителни секунди, во различни интервали – од шест месеци до седум години. Последната секунда беше додадена на 31-ви декември 2008 година.
Овојпат, новата секунда ќе биде додадена во точно 23 часот 59 минути 59 секунди според UTC, на 30-ти јуни 2012 (односно околу 00.59 часот според македонско време на 1-ви јули 2012 година). Оваа одлука беше донесена од страна на Меѓународната агенција за ротација на Земјата за којашто Опсерваторијата на американската воена морнарица служи како центар за прогнозирање и за брза реакција. Мерењетао што ги направија експертите од Опсерваторијата покажаа дека ротацијата на Земјата сега заостанува зад атомското време на околу 1 милисекунда на ден.
Овие податоци беа добиени со користење на интерферометрија на најдолгата база, метода заснована за мерење на ротацијата на Земјата со следење на положбата на многу далечни вселенски објекти. Овие податоци покажуваат дека во околу илјада дена, разликата меѓу атомското време и астрономското достигнува една секунда.
извор: „Макфакс“