Невреме проследено со силен ветер, обилни врнежи и грмотевици го прекина концерот на босанскиот кантавтор Дино Мерлин на градскиот стадион во Сански Мост, БиХ, кој се одржа неколку дена по концерот во Охрид.
Како што пренесува српски „Блиц“, по еден час и пет минути на публиката и се обратил Дино Мерлин кој соопштил дека поради неочекуваното невреме и пред се поради безбедност на присутните концертот мора да биде прекинат. Публиката била замолена да го напушти концерот, што и го направила.
Петанесет минути по прекинот на концертот во услови на силно невреме се урнал дел од конструкцијата на бината при што бил повреден тапанарот Амар Чешљар. Како што пренесуваат босанските медиуми тој се здобил со повреда на левата нога и е вон животна опасност.
OhridNews