Меѓу најуспешните за инкаминг туристички агенција за 2010 година, се најдоја две агенции од градов- „Вис пој“ и „Летс Травел Балкан“.
– Од Вис Пој велат дека оваа награда претставува голем поттик во понатамошното работење и дека ќе продолжат со промовирањето на земјава и Охрид, со цел да се привлечат што поголем број гости.
Во категоријата на најуспешни хотели, наградата отиде во рацете на менаџерскиот тим на хотел „Метропол“.
Деловните субјекти од секторот за туризам и угостителство беа избрани на предлог на коморите и здрженијата и врз основа на информациите од комисиите за категоризација на угостителски објекти и за субвенционирање на странскиот туристички промет, а врз основа на постигнатите резултати во текот на минатата година.