Во полуфиналето на турнирот “Охрид 2010“ ќе играат екипите на Ликвид и Вис Пој.

Ликвид во првото четвртфинале го победи  Фаворит со 3-2. Оџа го отвори резултатот, водството го зголеми Исмаили, а пред истекот на првиот дел Коцаре намали на 2-1. Два гола предност Ликвид повторно стекна по голот на Миминоски, додека Ристоски ја врати неизвесноста во мечот. Истиот играч во финишот на мечот имаше одлична прилика за израмнување но не успеа да ја погоди противничката мрежа.


Спортската среќа и серијата повреди не дозволи да се радуваме и да обезбедиме пласман во полуфиналето – рече Филев од Фаворит.

 – Наша цел е исполнета, со влезот во полуфиналето, таму ќе се обидеме да изненадиме уште некого – истакна стрелецот на третиот гол Миминоски.


Вис Пој со минимални 1-0 го совлада Бел Мерцедес. Тврд затворен и тактички натпревар одиграа екипите на Вис Пој и Бел Мерцедес, по кој се радуваше минатогодишниот вицепрвак. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Георгиевски.

Вечерва за нас беше важно да обезбедиме да играме натпревар во последниот дел од турнирот, се надевам дека тоа ќе биде финалето – истакна Стефаноски.

Во првото полуфиналето понеделник во 20 часот ќе играат Ликвид –  Вис Пој .

Ohridnews