Екипите на Вис Пој и Десарет обезебедија пласман во елиминациската фаза откако ги победија екипите на Премиер односно Леарница.


Потешко од очекувањата Вис Пој го совлада Премиер со 6-3, кој одигра далеку подобро отколку на првиот натпревар против Десарет. Минатогодишниот вицепрвак со головите на Георгиевски поведе со 2-0, додека Митаноски одговори за израмнување. Не успеа Премиер да издржи до крајот откако прво ја затресоа сопствената мрежа, додека со двата гола во финишот на мечот Јованоски се погрижи да нема изненадувања.


Релаксирано влеговме во натпреварот, што на крајот можеше да не чини скапо. Се консолидаравме во финишот и не дозволивме изненадување – рече капитенот на Вис Пој, Стефаноски.

Далеку подобро одигравме во овај натпревар, се уште сме во игра за место во осминафиналето – истакна Дишлиески.

Екипата на Десарет, предводена од Артим Шаќири ја торпедираше екипата на Леарница со 12-2. Шаќири шест пати ја затресе противничката мрежа, 4 пати погоди Асани додека по еднаш мрежата ја погодија Демири и Кадриу. Трајчески и Капрически погодија за Леарница.


Одигравме добар натпревар, пробавме некои нови варијанти , се на се задоволни сме од прикажаното – истакна најдобриот стрелец во тимот на Десарет, Шаќири.

Исчезна тремата по првиот натпревар, одигравме подобро одколку првиот натпревар но нашиот противник , едноставно беше предобар за нас – рече капитенот на Леарница,Станкоски.

Резултати 2 коло

Вис Пој  – Премиер  6-3  
Десарет –  Леарница 12-2

1 Десарет 2 2 0 0 21-3 3
2 Вис Пој 2 2 0 0 16-4 3
3 Премиер 2 0 0 2 4-15 0
4 Леарница 2 0 0 1 2-22 0

Наредно коло

21.03  (21.00 ч)   Десарет  Вис Пој
21.03  (22.00 ч) Премиер Леарница

Ohridnews