Гобекс за пласман во финалето го совлада Ресторан Путник со 3-1. За „домаќинтие“ два погодоци постигна Ристе Маркоски, еден Томче Речкоски, а најзаслужен за триуфмот беше голманот Карамачоски, кој при резултат 0-0 успеа да одбрани удар од белата точка. Почесниот погодок за битолчани го реализираше Сокаловски Стефче.
Во вториот полуфинале натпревар Вис Пој со пресврт во вториот дел триумфираше против Кадмо 4-2.
„Црвените“ имаа водство со 1-0 и 2-1 со головите на Аце Толевски, но тимот на Вис Пој не се предаваше и со погодоците на Мишо Ѓоргиоски, Дарко Матески, Димче Пазаркаски и Јосифоски Ристе направи комплетен пресврти и обезбеди пласман во големото финале.
Завршните натпревари од меморијалниот турнир „Лескоец 2013“ се играа в среда со почеток од 20:30 часот.