Вис Пој го доби дербито на Б групата откако минимално со 1-0 го победи Десарет. Во извонредно интересен натпревар минатогодишниот вицепрвак беше поуспешен нанесувајќи му го првиот пораз на тимот на Десарет.


Мрежите мируваа по првиот дел, а Лошкоски ја погоди мрежата на Десарет. По примениот гол играта доби на интензите, а по еден прекшок во казнетиот простор досуден беше пенал за “белите“.

Најдобриот голман од минатогодипниот турнир Лазески беше поуспешен од поранешениот македонски репрезентативец Артим Шаќири.

Екипата на Премиер убедливо ја победи Леарница со 8-1 и како третопласирна избори пласман во нок аут фазата.

Група Б

Десарет  Вис Пој      0-1
Премиер Леарница  8-1


Табела :

1 Вис Пој 3 3 0 0 17 – 4 9
2 Десарет 3 2 0 1 21 – 4 6
3 Премиер 3 1 0 2 12 -16 3
4 Леарница 3 0 0 3   3 -30 0